Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонската економија со стабилен раст – градежништвото и инвестициите носат оптимизам

Економијата се стабилизира, а растот од над 3% во првите три месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата се стабилизира, а растот од над 3% во првите три месеци е само почеток. Дел од аналитичарите очекуваат уште подобри перформанси на економијата до крајот на годинава. Универзитетскиот професор Синиша Наумоски е оптимист дека и покрај ризиците однадвор, во втората половина од 2025-та, растот ќе се темели главно на градежништвото, сектор кој во првиот квартал се зголеми најмногу, односно за 7,1%. Тој смета дека во овој период ќе се видат ефектите од склучените или најавени договори, пред се стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, инфраструктурните проекти на општините, веќе започнатата изградба на патишта, инвестициите на бизнисот со пари од унгарскиот заем.

Најголем раст во структурата на БДП имаат бруто инвестициите од 18%. И покрај тоа што извозот се зголемил за само 1,2%, ова е прв квартал во позитива, откако лани извозот беше во минус. Според Наумоски, овие бројки се резултат на послабиот извозен потенцијал на компаниите од индустриските зони поради кризата во германскиот автомобилски сектор. Најавите, пак, дека Македонија ќе ги сведе на нула царините кон САД и очекува да склучи Договор за слободна трговија, како и намалувањето на 67 царински стапки, ќе значи пониски трошоци за суровини и поголема извозна конкурентност. 

Наумоски вели дека за граѓаните да ги почувствуваат придобивките од економскиот развој, растот на Македонија треба да изнесува најмалку 5% на среден рок. Она на што треба да се обрне внимание, според него, се ризиците дали македонските компании имаат доволно капацитети да ги сработат договорените проекти. Затоа требало повеќе да се вложува во поттикнување на претприемништвото за младите да отвораат нови бизниси, како и поактивно дуално образование за да има доволно кадар за реализација на инфраструктурните проекти. Бизнисот веќе побара македонските компании да бидат вклучени со барем 70% во изведбата на инфраструктурните проекти.