Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Штип конечно добива трајно решение за водоснабдувањето

Штип, конечно го решава проблемот со водоснабдувањето во градот. Со изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип, конечно го решава проблемот со водоснабдувањето во градот. Со изградбата на двата резервоари Пребег и Мери, ќе се стави крај на голготата на штипјани кои живеат во повисоките зони, кога во летниот период и по неколку дена се без вода за пиење. Освен зголемување на капацитетот на вода, ќе се создадат услови старата градска депонија, да се трансформира во една од најубавите населби за домување. Дополнително атрактивен овој простор го прави и обиколницата која ќе ги поврзува влезовите на градот од Скопје и од Струмица.

„Вкупната капацитетност којашто со овие два резервоара се добива е повеќе од 2000метри кубни вода. Колку за пример, досега вкупниот капацитет на резервоари што го има Штип, е исто толкав колку што се градат новите капацитети. Тоа значи дека градот перспективно со изградбата на овие два резервоара, ќе може да се шири и ќе може практично да се водоснабдува и да се градат нови населби и нови зони” изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

За пет до десет години ова ќе биде една од од најубавите зони за живеење во градот. Изградбата на двата резервоари кои се дел од Водоводна линија 2 ќе создаде услови за искористување на потенцијалот кој го има градот, а тоа е развој на бањско рекреативениот центар Кежовица. Според ДУП се предвидува изградба на хотели, дом за стари лица, како и парцели за домување.

„Можеби јас нема да бидам градоначалник после 5 или 10години, но она што ќе се направи сега ќе служи на граѓаните на Штип, во наредните десет години да се развива и да биде еден од најубавите предели, имајќи во предвид дека пред само неколку месеци овде имаше остатоци од некогашната стара градска депонија, а сега правиме нешто што додава вредност на нашиот град” изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Реклама

Изградбата на резервоарот Мери е околу 20милиони денари и овие пари се обезбедени од самопридонесот, средства кои во минатотот ги собирале штипјани.