Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонската економија со раст од 3% во првиот квартал

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа. Бруто – домашниот производ порасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа. Бруто – домашниот производ порасна за 3% во првото тримесечје од 2025-та година во однос на истиот квартал лани – објави државната статистика. Премиерот Мицкоски вели дека прилагодениот раст изнесува 3,2% и дека тој не е случаен. Според него, Владата отвара ново поглавје за економски раст кој веќе три квартали последователно е на ниво над 3%. Тој рече дека, според Еуростат Македонија се наоѓа на четвртото место според растот веднаш после  Ирска, Данска и Полска. Според Мицкоски, државата конечно функционира, а целта е да се покријат недостатоците во делот на вработувањето и продуктивноста. Тој рече дека економијата се стабилизирала на над 3% раст, нешто што било невозможна мисија во последните 7 години.

Најголем придонес кон остварениот раст има убедливо поради солидното ниво на бруто инвестициите кои се зголемиле за дури 18%, потрошувачката на домаќинствата пораснала за 2,1 отсто, извозот бележи раст од 1,2%, увозот од 5,8%, а финалната јавна потрошувачка била поголема за 1,1%.

Реклама

РЕАЛЕН РАСТ НА БДП    3%

Финална потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи НПИСД       2,1%

Финална јавна потрошувачка                                                                1,1%

Бруто-инвестиции                                                                                    18%

Извоз на стоки и на услуги                                                                      1,2%

Увоз на стоки и на услуги                                                                        5,8%

За нискиот извоз на стоки, Мицкоски вели дека е категорија што треба да се подобрува, но и дека извозот бележи позитива по подолг период. Тој е особено горд на податоците за индустриското производство и кај преработувачката индустрија. Тоа придонело за креирање на нови работни места.

Кон растот на економијата, најмногу придонеле одличните перформанси на градежништвото како сектор кој има раст на активностите за 7,1%, исто како и стручните, научни, технички и административни дејности. Во секторот информации и комуникации има зголемување за 4,8%. Добри перформанси има и кај преработувачката индустрија кај која има раст од 3,7 отсто. Сегментот уметност, забава и рекреација бележи зголемување од 3,6%, а за 2,5% поголема потрошувачка има кај трговијата на големо и мало.

Градежништво                                                                                        7,1%

Стручни, научни и технички дејности; административни дејности     7,1%

Информации и комуникации                                                           4,8%

Преработувачка индустрија                                                             3,7%

Уметност, забава и рекреација                                                        3,6%

Трговија на големо и трговија на мало                                            2,5%

Најголемата надеж на Владата за економски развој, меѓу другото е градежната експанзија на цела територија на Македонија кадешто ќе се отворат над 1.200 локации за градење. Интензивно се работи долж Коридорите 8 и 10, а локалните власти ги реализираат инфраструктурните проекти во своите општини.

https://www.youtube.com/watch?v=Ne4FgpaHYok