Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонија целосно ќе ги укине царините за САД, се очекува Вашингтон да возврати со иста мера

Македонија ги укинува царините за САД – ваква одлука донесе Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ги укинува царините за САД – ваква одлука донесе Владата на последната седница. Со измените на Законот за царинска тарифа, целосно се ослободува увозот на сите производи кои македонските компании ги увезуваат од САД. Надлежните велат дека на овој начин, праќаат порака за репроцитет, односно дека очекуваат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во најскоро време да ги укине царините за увоз на македонски производи. Премиерот Мицкоски рече дека очекува Македонија да биде меѓу првите земји во светот којашто ќе добие договор за слободна трговија со САД. Тој е задоволен од средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја оствари со државниот секретар на САД Марко Рубио. Муцунски бил еден од само 7 министри за надворешни работи од Европа кои биле примени од страна на Марко Рубио.

Со измените на Законот за царинска тарифа, од 1-ви јули треба да се намалат и царините, и тоа за  50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во Европската унија. Се работи за стоки, суровини и репроматеријали коишто се користат во индустријата, поточно во автомобилскиот и металопреработувачкиот сектор, металургијата и енергетиката. Со нивното поевтинување, надлежните очекуваат овие материјали потребни за производство на високофинални производи, да ја зголеми извозната конкурентност на домашното стопанство. Исто така, од 1-ви јули треба конечно да се намали и царината за литиум-јонските батерии од 15% на 2,7%, со што полесно ќе се складира енергија, а со тоа се помага на енергетскиот сектор.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека од денеска Владата започнува да работи на ребаланс на државниот буџет. Во следните две недели ќе има интензивни консултации со владините министри околу нивните буџети и планови, по што ќе се знаат новите параметри на државната каса. Ребалансот на буџетот треба да се изгласа во Собранието пред распишувањето на локалните избори.