Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Експресниот пат Штип – Кочани, црна точка за патиштата

Големиот број на жртви на експресниот пат Штип-Кочани, го вклучија алармот. Експертите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големиот број на жртви на експресниот пат Штип-Кочани, го вклучија алармот. Експертите децни дека оваа сообраќајна артеерија која истокот го поврзува со централниот дел на државата е една од најнебезбедните делниници. Наместо експресен, се користи како автопат, а дозволената брзина ретко  се почитува. Само лани на овој експресен пат, полициските статистики бележат четири сообраќајни несреќи со смртни последици, во кои шестмина го загубиле животот.

„Станува збор за многу ризична и небезбедна делница. Една од најнебезбедните во Р.Македонија, на која за краток временски период, за жал се случија многу сообраќајни несреќи и многу од нив завршија со повредени и загубени животи. Ова е итна работа која треба да се преземе со координација меѓу институциите, сет на мерки, затоа што е комплексен проблемот„ изјави универзитетскиот професор, Јован Шоповски.

На експресниот пат има поставено соодветна сигнализизација на сите критични места. Максималната брзина  е 110 километри на час, но поради тоа што патот е рамен и  без угорнини ,возачите  честопати се претекнуваат со огромна брзина…

Реклама

„Експресниот пат не е автопат, но често се користи како автопат и се претекнува на непрегледни места и покрај тоа што доаѓаат возила од спротивна насока и потенцијално влегуваат во директен судир. Значи, начинот на возење се уште е непознаница кај голем дел од возачите, поради тоа што релативно нов концепт на патиштата се ова во Македонија” изјави, универзитетскиот професор Јован Шоповски.

Според сообраќајните инжинери, како едно од најприфатливите решенија за зголемување на безбедноста на експресниот пат Штип-Кочани, е концептот„два плус два. Со ова сообраќајно решение се предвидува додавање по една коловозна лента на постојаните и нивно физичко разделување. По оваа делница која всушност претавува продолжение на автопатот Штип-Миладиновци, почна да се вози од декември 2022.