Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци во Штип

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци. Концептот преку реална пракса…

Сподели:

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци. Концептот преку реална пракса до побрзо врботување овозможува компаниите да добијат соодветен стручен кадар, а младите луѓе вработување и пристојна плата, веднаш по завршување на средното училиште. Штип, има потреба од кадар во металопреработувачката индустрија. Со правилен избор ќе се намали дефицитот на пазарот на трудот, а истовремено младите ќе се задржат дома и градот ќе се развива.

  „Најчесто инжинерите, металопреработувачката индустрија се оние сектори кои се дефицитарни. Сите директори на средните училишта се самоиницијативни во насока на прилагодување на програмите, за да сес задоволи потребата на бизнис секторот, но и да се трасира патот на младите. Мораме да ги следиме глобалните трендови, глобалните промени, она што е дефицитарно и суфицитарно, за да овозможиме кадар кој ќе го развива нашиот град”, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За да се привлечат што поголем број на ученици, училиштата нудат нови и атрактивни програми. Годинава за прв пат во штипското средно медицинско училиште, се воведува профилот техничар за козметичка нега и убавина, кој беше промовиран на Саемот за средни училишта, кој традиционално пред крајот на школската година се одржува во Штип

Реклама

„Запишуваме 25ученици, но секако приоритет даваме на нашите постоечки профили, медицински сестри, забен техничар, физиотерапевтски и фармацевтски техничари„ изјави Марија Николиќ, директорка на СОУ„Јане Сандански„-Штип.

Со измените во Законот за средно образование, се овозможува средношколците од дуалните паралелки освен државна стипендија, од компаниите за својот ангажман да добиваат и одреден паричен надоместок. Годинава на државно ниво од вкупно запишаните 17.000 ученици, 12.000 се во средното стручно образование.