Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши – 46 осомничени за тешки дела против општата сигурност

По два и пол месеци заврши истрагата за пожарот во дискотеката “Пулс”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По два и пол месеци заврши истрагата за пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани. За Тешки дела против општата сигурност, осомничени се вкупно 46-мина. Од денеска па во наредните 15дена одбраната ќе може да изврши увид во доказите, како и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. По наредба на јавните обвинители од местото на несреќата, но и од повеќе локации, прибрани се матрејални докази и документација кои биле предмет на вештачење.

„Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причината за смрт на секој од починатите, како и за видот и катрактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење„ соопштуват од Основновното јавно обвинителство.

13 обвинители од Штип, Скопје и Куманово, беа вклучени во истражната постапка. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. По насока на Обвинителството, проверка на работата на клубот вршеше и Управата за финансиска полиција.

Реклама

„Од бројни електронски уреди, компјутери и мобилни телефони се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот, проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција„ посочуваат од Обвинителството.

До овој момент спроведена е истрага против 14 полициски службеници. Сите докази ќе бидат доставени на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Обвинителството додаваат дека овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности.

Јавнообвинителската одлука за секој осомничен поединечно ќе биде донесена, врз основа на целокупниот доказен матрејал. Од Обвинителството посочуваат дека доколку од доказите се утврдат елементи на кривично дело и кај други, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности.

Според истрагата, најголем дел од починатите загинале од загушување, но имало и смртни последици од насилен притисок, стампедо. Во пожарот во дискотеката „Пулс” што се случи на 16март, загинаа 62, а над 200 беа повредени.