Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Нов обвинет за пожарот во Кочани

Сопственикот на објектот во кој со години на диво работела дискотеката Пулс,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопственикот на објектот во кој со години на диво работела дискотеката Пулс, е новиот осомничен за страотниот пожар во кој загинаа 62, а повредени беа над 200млади луѓе. На нелагален начин продавницата за теписи, ја пренаменил во дискотека. Јавното обвинителство до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.

„Основното јавно обвинителство од Кочани, донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека Пулс, спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик “се вели во соопштението од Јавното обвинителството.

Новиот осомничен во договор со веќе осомничениот неформален сопственик на дискотеката, на кој објектот му го издадвал под закуп, во повеќе наврати во рок од 12 години изведувал градежни активности со кои незаконски го пренаменил објектот.

Реклама

„ Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временски период од 2012 до март 2025 преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3-сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3-големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/кабаре” посочуваат од Обвинителството.

Истрагата за дискотеката Пулс треба да заврши кон средината на јуни. Досега на распит биле повеќе од 300луѓе. Од 68-те осомничени, 13 се полициски службеници. Меѓу осомничените се и градоначалници на Кочани, како и актуелни и поранешни министри и директори.