Реклама
Економија

Владата донесе Оперативен план за вработување на над 16 илјади луѓе, 65% ќе бидат млади до 29 години

Амбициозни планови за пад на невработеноста за околу 3 процентни поени, до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбициозни планови за пад на невработеноста за околу 3 процентни поени, до историски најниски 9% до крајот на годинава. Премиерот очекува оперативниот план за вработување кој помина на Влада, инвестицискиот циклус во инфраструктурата, како и странските вложувања да резултираат со околу десетици илјади нови работни места.

„Очекувам да продолжи трендот на намалување на навработеноста. Можам да кажам дека во третиот и четвртиот квартал брројот на невработени лица е зголемен за 10 илјади и таа бројка надминува над 700 илјади, првпат после долго време, а бројот на невработени лица е под 100 илјади, односно околу 98 илјади од прилика тоа се параметрите со кои што се поврзани тие два квартала. Сега ќе видеме како ќе биде понатаму како ќе биде во првиот квартал од оваа година, иако очекувам на крајот на годината, можеби преоптимистички да бидеме под 9 проценти стапка на невработеност, но ќе сепак како ќе се интензивираат економските активности бидејќи првиот квартал од скоја година можеби од економска смисла најтежок, но ние очекуваме за нас да биде продолжување на оној трендн кој што почна во тертиот картал минатата година и во четвртиот квартал од ова година, така што е да имате ново отворени 9-10 илјади работни места е голем успех во Македонија, во економија, во обем на економија како што е нашата“ – изјави премиерот Мицкоски.

40 милиони евра ќе се потрошат годинава за ангажирање на над 16 илјади невработени луѓе преку активните мерки и програми на Агенцијата за вработување. Акцентот е да се задржи младината во Македонија, бидејќи очекувањата се 65% од новите вработувања да бидат млади до 29 години.

Реклама

Агенцијата за вработување предвидува грант од 10 илјади евра, најголема досега финансиска поддршка за самовработување на млади до 29 години, поддршка од најмалку 14 илјади евра за самовработување здружување во Друштва со ограничена одговорност, практиканство на 1350 млади до 29 години, младински додаток од 50 евра за млади до 23 години кои ќе работат во производство и други атрактивни мерки за вработување.

Оперативниот план за вработување освен директна финансиска поддршка за старт-ап бизниси на млади, предвидува и ангажирање на 400 пожарникари кои им се стават на располагање на општините, како и 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво.