Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Три обвинителства ги сослушуваат семејствата на жртвите во „Пулс“

Што се случи, како едно вообичаено излегување во ноќен клуб, зави десетици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што се случи, како едно вообичаено излегување во ноќен клуб, зави десетици семејства во црно? Можеше ли да се спречи?  По шокот на 16-ти март, семејствата на жртвите од страотниот пожар во Кочани повторно ќе се присетат на кобниот ден и страотниот пожар во „Пулс“ кој ги остави без нивните најблиски и во тага и болка до крајот на животот.  Од денеска па во наредните денови три обвинителстава ги сослушуваат најблиските на жртвите. Целта е да ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”“, велат од Обвинителството.

Распоредот по кој ќе бидат сослушани најблиските на загинатите во пожарот нема да се објавува, но листата не е затворена. Секој што има некаква информација, а не ја споделил досега со надлежните ќе може тоа да го направи.

Реклама

 „Права како оштететни имаат законски застапници на секој од починатите. Тие доколку сакаат во исказот можат да посочат и други блиски лица кои сметаат дека имаат сознанија за настанот. Станува збор за законско право на оштетените како странки во постапката„ посочуваат од Обвинителството.

Истрагата за дискотеката Пулс треба да заврши кон средината на јуни. Досега се распрашани над 300лица. Од 68-те осомничени, 13 се полициски службеници. Меѓу осомничените се и градоначалници на Кочани, како и актуелни и поранешни министри и директори . Во меѓувреме заврши и евалуацијата на состојбата на повредените. Прегледани биле повеќе од 110 пациенти кои се лекувале во странство. според податоците, четириесет од пациентите добиваат физикална терапија поради проблеми со движењето на зглобовите, а кај 70 се вршат редовни преврски на изгорениците.