Реклама
Економија

Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе ја прероди македонската економија

До забрзан економски раст на Македонија преку највисоката финансиска рамка од 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До забрзан економски раст на Македонија преку највисоката финансиска рамка од 6 милијарди евра обезбедена преку стратешкото партнерство со Обединетото кралство. Според економскиот институт Фајненс Тинк,  инвестициите во стратешки инфраструктурни и капитални проекти се клучни за развој на економијата. Оттаму анализираат дека ваквите инвестиции имаат мултипликативен ефект врз економијата – од една страна, го поттикнуваат растот преку директно ангажирање на градежниот и сродните сектори, а од друга страна, поставуваат основа за зголемена продуктивност и конкурентност на долг рок. Од Фајнанс Тинк анализираат дека овој договор ќе ја продлабочи не само економската и политичка соработка со Британија, туку и ќе ја интегрира побрзо Македонија во пошироките глобални економски текови. Сепак, предупредуваат дека од фискална и техничка гледна точка постојат ризици за зголемување на долгот, па затоа британскиот заем не смее да ги намали напорите на Владата за фискална консолидација.

„Инвестициите во железничката мрежа, на пример, не се само логистички подобрувања, туку и стратешки чекори за зголемување на регионалната поврзаност, ефикасноста на транспортот на стоки и луѓе, и интеграцијата со трансевропските транспортни коридори. Вложувањата во здравствени капацитети претставуваат суштински одговор на долгогодишните слабости во здравствениот систем, особено во делот на еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита надвор од главниот град“Finance Think.

Бизнисот ја поддржува намерата за вложување во капитални инвестиции во железницата и здравството, но она што е клучно за домашната оператива е да бидат вклучени во проектите, и да не се повторуваат грешките од минатото кога домашните компании имаа многу мал ангажман во стратешките проекти. Апелираат надлежните да бидат внимателни околу услови под кои ќе се гради и ќе се ангажираат домашните градежни фирми.

Реклама

Стопанската комора очекува домашните компании да имаат 70% учество во изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија и обновата на болниците во Штип, Кичево и Тетово. Признаваат дека нивните капацитети се делумно ограничени за да можат да ја поддржат широката градежна експанзија низ земјава, но подготвени се да работат во нискоградбата. Првиот човек на комората, Бранко Азески вели дека македонските градежни компании долго биле запоставени и затоа било важно тие да бидат вклучени и проектите да ги изработат квалитетно.

6-те милијарди евра ќе се реализираат преку проектно финансирање, односно серија на кредити, а рочноста ќе зависи од проектите. Заложбите на владата се да се испреговара грејс период кој ќе биде еднаков на периодот потребен за подготовка на проект, односно да враќаме пари откако проектот ќе стане профитабилен.  Според македонската влада , освен што добиваме финансиска поддршка, клучно е што ќе имаме пристап до британска експертиза од  британската јавна администрација, како и британскиот бизнис сектор.

Договорот Влада со Влада е резултат на стратешкото партнерство за кое се спогодија двајцата премиери во Тирана на маргините  на самитот на Европската политичка заедница во Тирана.  Следен чекор е ратификација на договорот во Собрание, а треба да го усвои и британската влада . Првите 2,2 милијарди евра ќе се потрошат за изградба на брзата пруга Гевгелија – Табановце, изградба и реконструкција на болници во Штип, Кичево и Тетово, како и за изградба на Медициски факултет и Студентски дом во Штип.