Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Здравствените власти подготвени за овогодишниот аџилак, се проверува дали верниците примиле вакцини

Над две илјади верници од исламска вероисповед утре тргнуваат на аџилак во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над две илјади верници од исламска вероисповед утре тргнуваат на аџилак во Саудиска Арабија.  Да примат вакцина против менингококна болест и Ковид-19 се главните услови за сите кои сакаат да патуваат во Мека. Од државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека засилено работат на проверка на здравствените документации на сите кои годинава ќе одат на аџилак. Целта е државата да се заштити од внесување на повеќе болести како колера, чума, жолта треска и маларија. Здравствените власти препорачуваат на внимателност кај граѓаните и секоја промена на нивното здравје да ја пријават на докторот кој ќе им биде во придружба.

„Согласно здравствената препорака на ИЈЗ кои се изготвуваат врз основа на упатства и побарувања на МЗ на Кралството Саудиска Арабија сите патници и деца над една година кои ќе патуваат на Хаџ потребно е да поседуваат вакцинален сертификат за примена вакцина против менигококна болест најдоцна 10 дена предвлегување во Саудиска Арабија“ вели д-р Кирил Лазов, директор на ДЗСИ

Аџилакот во Саудиска Арабија трае еден месец, патниците кои ќе се вратат се ставаат под здравствен надзор од 5 до 10 дена.

Реклама

„Патнците се ставаат под здравствен  надзор за колера во траење од 5 дена, и за Денга до максимум 10 дена. За сите 2.000 луѓе од страна на ДСЗИ се изготуваат решенија за ставање под надзор што подразбира дека сите се должни секојдневно да ја следат својата здравствена состојба и да се јавуваат на одделеијата за епидемиологија во Центрите за јавно здравје“ вели д-р Кирил Лазов, директор на ДЗСИ

Верниците од Македонија ќе патуваат со 11 авионски чартер летови со по 180 патници. Сите се од различни возрасти, највозрасниот е над 80 години а најмладиот верник кој ќе оди на аџилак има 10 години. Годинава големиот празник Курбан Бајрам се паѓа на 6ти јуни и секогаш се слави 4 дена.

Давид Крстевски