Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

5100 нови случаи на заболени со карцином за една година, лекарите апелираат на превентивни прегледи

Бројот  на заболени од карцином во државата е во пораст. Само минатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот  на заболени од карцином во државата е во пораст. Само минатата година се регистрирани над 5.100 нови случаи. Загрижувачки е фактот дека се почесто се дијагностицира и кај младите луѓе, вели д-р Марија Караколева, единствениот онколог во штипската Клиничка болница. Податоците говорат дека годишно на ова одделение се прават 4.000онколошки прегледи и тоа се пациенти од целиот источен регион.

  •  „Инциденцата и на млади пациенти, за жал се зголемува, односно се намалува возрасната граница во однос на сите типови на карциноми, не одделни. Меѓутоа, инциденцата да, се зголемува, но и преваленцата. Всушност тоа е бројот на сите заболени. Тоа е така, но во позитивна смисла имаме и напредок во лекувањето и на тој начин имаме и продолжување на животот на овие пациенти„ изјави д-р Марија Караколевска Илиова, онколог во штипската Клиничка болница.

Најчести форми на карцином, се  на дојка, бели дробови, простата, а во изминатиот период се почест е и меланомот, карциномот на кожата, што според експертите најверојатно се должи на  недоволната заштита од сончевото зрачење.  Специјалистите алармираат за зголемување на свеста кај граѓаните, во врска со скрининг програмите и превентивните прегледи, бидејќи само така болеста ќе се фати во ран стадиум и излекувањето ќе биде успешно.

  • „Тука треба да работи примарната здравствена заштита, да се подигне свеста и значењето на скрининг програмите, бидејќи тоа се пограми за да се дијагностицира карциномот, да се фати во најраниот стадиум, кога излекувањето е 90%. Значи во тие 100.000 пациенти, опфатени во скрининг програмата и еден пациент да се фати во ран стадиум е 100% за тој еден пациент„ изјави д-р Караколевска.

Според експертите, зголемениот број на пациенти со карцином во државата се должи на загадената животна средина, нездравиот начин на живот , како и недостатокотна лекари и скрининг програми посебно за населението во руралните средини.