Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Два месеца од трагедијата во Кочани-сведоштва на медицинскиот персонал за кобната ноќ

Само еден телефонски повик, толку било потребно да се мобилизира целиот персонал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само еден телефонски повик, толку било потребно да се мобилизира целиот персонал во штипската болница, која на 16 март беше главна алка во синџирот на спасување на младите луѓе повредени во пожарот.  Иако без соодветна обука за тешки несреќи од ваков тип, успеале да извршат тријажа на 110 млади луѓе, кои потоа на лекување беа распределувани на клиниките во Скопје, а потоа дел од нив и на клиниките во странство . Два месеца по несреќата во дискотеката Пулс, во Кочани,  една од медицинските сестри, Билјана Рогожарска, со секавање за она што се случувало на кобниот 16март.

    Изјава-Билјана Рогожарска-одговорна сестра за интрахоспитални инфекции-КБ-Штип

  „Се мобилизиравме сите, буквално сите што беа во градот, а не се на работа со еден повик се јавија на своите работни места. Функциониравме безпрекорно. Мора да нагласам дека ние претходно не сме имале обуки за елементарни непогоди или вакви тешки несреќи. Ние функциониравме со поглед. Беше тишина, а се се одвиваше екстремно брзо и добро„ изјави Билјана Рогожарска, одговорна сестра за интрахоспитални инфекции, во КБ-Штип.

Реклама

Траумите од тој кобен ден никогаш нема да се залечат. Сликите од болничкиот двор кога родителите си ги бараа своите чеда, засекогаш ќе останат запечатени во колективната меморија на целиот медицински персонал. Во тие моменти на вработените, не им остануваше ништо друго освен длабоко да ги потиснат  своите чувства и емоции. На тој начин покажаа голема посветеност и професионализам своите  работни места, вели Рогожарска.

    Изјава-Билјана Рогожарска-одговорна сестра за интрахоспитални инфекции-КБ-Штип

    „Во самата ситуација и во самиот момент при приемот на болните, немаше емоции, во смисол на стрес, испаниченост, исплашеност. Функциониравме во тишина, без збор. Кај нас емоциите доаѓаат оттпосле…работевме од 3.30, се до нардниот ден до 12 по полноќ, кога и последниот пациент беше испратен за Скопје„ вели Билјана Рогожарска, одговорна сестра за интрахоспитални инфекции, во КБ-Штип

во пожарот во дискотеката Пулс што се случи точно пред два месеца загинаа 62 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Поради сериозноста на повредите многу од нив беа транспортирани и лекувани на клиниките во странство. Сега по нивното враќање дома, им претстои долг период на рехабилитација и опоравување.