Мицкоски: Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања
Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се…
14.05.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања на прехранбените производи, најави претседателот на Владата, Мицкоски. Тој порача и дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и ПР услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.