Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Последните години иселениците беа игнорирани, сега засилено сакаат да инвестираат во Македонија

Иселениците од дијаспората можат да придонесат за поголем економски раст на земјава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иселениците од дијаспората можат да придонесат за поголем економски раст на земјава. Македонците од странство се повеќе се заинтересирани да инвестираат во родната земја. Засега нивната улога главно е ограничена на праќање пари од други земји, со што го зголемуваат доходот на населението. Сепак, оние кои веќе вложиле во државава велат дека најголемите причини треба да се бараат во емоционалната поврзаност со Македонија, но и можноста да бидат поблиску до своите семејства.

Иселениците бараат земјава да ги подобри врските со Македонците во другите држави, ако сака повеќе инвестиции од нив. Ја поздравуваат одлуката Министерството за надворешни работи и надворешна трговија да работи повеќе на економската промоција на Македонија, затоа што досега дијаспората немала многу контакти со македонски компании. Исто така, бараат поголема дигитализација на процесите во администрацијата, за што побрзо надминување на административните пречки за отворање на компании и работа во Македонија.

Од година в година се зголемува сумата што иселениците ја праќаат од странство. Ако до пред 15 години, овие дознаки од странство изнесуваа една милијарда евра, сега надминуваат 1,5 милијарди евра, што е околу 15% од БДП во просек. Притоа Македонците кои живеат и работат во други држави најголем дел од парите префрлаат во готовина, пракса која треба да се надмине со членството на земјава во СЕПА, со што треба да се олеснат прекуграничните плаќања..