Реклама
Прилози

Убиецот на турскиот студент во Штип, пиштолот го купил во Скопје, освен него, осомничени уште четворица за помагање

Платил 1100 евра за пиштол со калибар 9мм, со избришани податоци за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платил 1100 евра за пиштол со калибар 9мм, со избришани податоци за модел и сериски број, а потоа на 8мај со умисла и од безобѕирна одмазда со неколку куршуми, во полното кафуле го застрелал 25годишниот маж со иницијали E.O.  На почетокот од месецот пиштолот го купил  во Скопје од непознат. Доцна синоќа осомничениот турски државјанин, за убиството на 8мај  заработи триесетдневен притвор. Триесетдневен притвор им е изречен и на останатите четворица кои му помогнале да го изврши ладнокрвното убиство.  Сите осомничени  кои се турски државјани се приведени во Затворот, во Куманово. Пред да го изврши грозоморниот чин преку мобилна алипкација се договорил со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат недоразбирањата кои подолго време биле меѓ унив. По 15минутниот разговор, осомничениот влегол во тоалетот во кафулето и веднаш излегол при што го извадил пиштолот и ладнокрвно го застрелал 25 годишниот маж, нанесувајќи му повеќе прострелни рани. Истата вечер, останатите четворица осомничени тројца мажи и една жена, сите на возраст од 22 до 28години на локација во Штип го качиле во автомобил БВМ со кој управувала девојката и се упатиле кон Скопје. Кај наплатната рампа Миладиновци, како од филмско сценарио биле пресретнати од полициска патрола, по што се дале во бегство, но веднаш потоа биле уапсени. Ваквата координирана акција ја поздрави и министерот Тошковски, охрабрувајќи ги чесните полицаици и во иднина да продолжат посветено да работат обезбедувајќи им го потребниот мир на граѓаните

„МВР постапува координирано и ги презема сите дејствија за да може да ја гарантираме безбедноста како во Штип, така и на територијата на Македонија. Сметам дека сето она што треба да се презема од наша страна, се превзема. Сметам дека МВР, апсолутно ефикасно делува при откривањето на секој криминал што е сторен на територијата на Македонија. Гледаме една ефикасна реакција од страна на министерството и во конкретниот случај„ изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тројца од осомничените имале пријавено престојувалиште во Штип, додека убиецот и еден од помагачите биле без пријавен престој во државата. Според неофицијални информации жртвата во 2023 година студирањето на штипскиот Универзитет го ставил во мирување.

Реклама