Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Вода за производство на ориз ќе има, но ќе треба да се користи рационално

Ќе има  доволно вода за наводнување за сите земјоделски површини во Овчеполието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе има  доволно вода за наводнување за сите земјоделски површини во Овчеполието и Кочанското поле кои се приклучени на Хидросистемот Брегалница. Сепак земјоделците и вработените во Водостопанство, мора рационално да ја користат, порача денеска директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски кој направи увид во системот за наводнување  во Чешиново-Облешево.

„Вода за земјоделците во Хидросистем Брегалница ќе има. Рестрикција на водата, нема да има. Но, апелирам таа вода што во моментот ја имаме во браната Калиманци,  околу 80милиони метри кубни мора да ја штедиме. И земјоделците и вработените во АД„Водостопанство„мора да се вклучат во рационално штедење на водата, која се користи за наводнување„ изјави директорот на АД„Водостопанство“, Филип Филиповски.

Во меѓувреме веќе е формиран оперативен центар, а е отворена и телефонска линија на која земјоделците, ќе може да пријавуваат дефекти или нерационално користење на водата, а оние што ќе направат упад во системот ќе бидат санкционирани. Иако состојбата во претпријатието е лоша, со помош на вработени од Битола и Скопје,  се чисти мрежата за наводнување.

Реклама

„Изминатиот период обезбедивме санација на сите возила, ќе има и покачување на платите, одредени вработени ќе бидат и наградени. Исчистивме околу 70 % од каналите. Што не е мала работа во услчови на хаварисан целосен систем во АД Водостопанство. Мора да потенцирам, Владата ни помогна , обезбедивме пет плати за вработените. Се обидуваме финансиски да се стабилизираме„ изјави директорот на АД„Водостопанство“, Филип Филиповски,

На денешната прес конференција Филиповски, посочи дека минатата година од браната Калиманци, непотребно биле испуштени околу  20милиони метри кубни вода, поради што сега е десеткувана водата во акоумулацијата. Годинава поради немање доволно вода во браната намалени се и површините кои треба да се посеат со ориз.