Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Владата ќе презема мерки за ревидирање на постоечката мерка – „50% од јагнињата да бидат наменети за кланичарите“

Сега постоечката мерка со која ситните сточари се обврзани дури половината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сега постоечката мерка со која ситните сточари се обврзани дури половината од своите јагниња да им ги предаваат на кланичарите, најчесто за многу пониска цена од нивната реална вредност, ќе биде ревидирана во интерес на сточарите, најавуваат од Министерството за земјоделство. Ова, всушност ќе биде и одговор на нивните неодамнешни барања, но и своевиден стимул за да опстојат во својот бизнис што пак, би условило и зголемување на стадата, а што е многу важно за државата, уверуваат од ресорното Министерство. Идеата е, намалувањето од сегашните 50 проеценти, а кои се превисоки за сточарите, да биде на 30 насто.

„Со оглед дека во месеците јануари и февруари, заради нискиот откуп на јагнето имавме доста прераснување на она што е првокласно јагне, ние како Министерство веќе размислуваме процентот од 50 да го намалиме на 30 проценти, се’ со цел уште еднаш да покажеме дека навистина како Влада и Министерство излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец кој што се соочува со одредени предизвици“ – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Во наредниот период измени ќе претрпи и Програмата, а и уредбата која што го дефинира овој критериум, со крајна цел, како што вели Трипуновски, и оваа сточарска гранка да стане во успешна приказна во нашата држава.

Реклама

„Јас, како ресорен министер одржав неколку состаноци и со Сојузот на одгледувачи на овци и со кланиците кои што се во регистрите на Министерството. Практично, откупната сезона, односно, откупот на јагнето е во завршна фаза. А анализите говорат дека имаме зголемување на откупната цена во споредба со минатата година и просекот е негде околу 230 денари“, – кажа Трипуновски.

Инаку, уште пред Велигденските празници, ситните пелагониски сточари соочении со овој проблем, но и со ниските откупни цени, како и со забраната за слободен извоз на јагнињата, на мирен собир побараа итна средба со надлежните за решавање на овие прашања и за долгорочно продуктивно надминување на состојбите во оваа земјоделска гранка.

Каролина Дурло