Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Димитриеска-Кочоска во САД: Средби со дијаспората и учество на пролетните состаноци на ММФ и Светска банка

Финансиската стабилност и економските реформи на земјава ќе бидат во фокусот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската стабилност и економските реформи на земјава ќе бидат во фокусот на меѓународните активности на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која од 20 до 26 април престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Посетата започнува со активности во Чикаго, каде што министерката ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора на покана на локалните македонски здруженија. Средбите се насочени кон унапредување на односите со иселеничките заедници и разгледување на можности за нивно поголемо вклучување во економскиот развој на Македонија.

Во вториот дел од посетата, Димитриеска-Кочоска ќе патува во Вашингтон каде од 22 април ќе учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка – настан што ги собира креаторите на глобалната економска и финансиска политика. За време на состаноците, министерката ќе оствари средби со високи претставници од ММФ, Светската банка, Министерството за финансии на САД (Трезорот), како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.

Реклама

На агендата се вклучени теми поврзани со макроекономската стабилност, буџетската дисциплина, подобрување на управувањето со јавните финансии и создавање услови за одржлив економски раст.

Посетата претставува можност за претставување на напорите на Владата за спроведување на економски реформи и за зацврстување на соработката со меѓународните партнери, како и за потенцијално обезбедување на дополнителна техничка и финансиска поддршка.