Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Амбулантите за специјалистички прегледи во Штип ќе се сместат во затворената модуларна болница

Ковид-пандемијата одамна заврши, а со неа и грижата за модуларната болница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковид-пандемијата одамна заврши, а со неа и грижата за модуларната болница во Штип, во која се лекуваа заболените. На граница на целосно пропаѓање, затворената модуларна сега повторно ќе се активира, за во неа да се сместат амбулантите за специјалистички прегледи.

Модуларната болница во Штип, каде за време на пандемијата се хоспитализираа заболените од Ковид, ќе се адаптира во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој Термин“. Целата постапка е речиси завршена. Во првата фаза ќе бидат префрлени најпрво амбулантите од приемното одделение, а потоа и од останатите специјалистички гранки.

Изјава – д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип:
„Наша цел е да се направи реконструкција и преадаптација за прегледи преку ‘Мој Термин’. Речиси 90% од целата процедура е завршена. Имаме пуштено барање до Управниот одбор на Фондот за здравство и чекаме одобрување на потребните финансиски средства. Во план ни е процедурата да започне и да се заврши што е можно поскоро“, изјави д-р Владко Захариев.

Реклама

Пред самиот почеток на работа треба да се досреди и околната инфраструктура. Со помош на општината ќе се доизградат неасфалтираните пристапни патишта и паркингот, со што значително ќе се олесни пристапот до објектот. Само минатата година, низ сите амбуланти во Штипската клиничка болница се прегледани над 150.000 пациенти, а најголема фреквенција има на ортопедија и хирургија.

Изјава – д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип:
„Ортопедија, хирургија, интерна медицина, неврологија, кардиологија – овде е најголемата гужва. Само до септември 2024 година, на ортопедија имало над 24.000 прегледи. Тоа се должи на големата заложба на овие доктори, а ги има само четворица“, изјави д-р Захариев.

Штипската модуларна болница започна со работа пред четири години, но по завршувањето на пандемијата се стави клуч на објектот, по што, наместо лекари, во неа ординираа крадци и вандали.