Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Приведен директорот на Геријатрија – се сомничи дека зел 20.000 евра мито за да смести пациент во болнички кревет

Уапсен е директорот на болницата за геријатрија, доктор Мухсин Арифи, под сомнение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уапсен е директорот на болницата за геријатрија, доктор Мухсин Арифи, под сомнение дека барал 20 илјади евра мито за да смести болен и неподвижен човек.

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сè уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра. Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа“, вели директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев.

Претходно од обвинителството информираа дека во координирана акција со полицијата приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Реклама

Во оваа здравствена установа се примаат возрасни пациенти во најтешка здравствена состојба, листите на чекање се големи, а бројот на кревети ограничен.