Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Штипската клиничка болница го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти

Ќе се вработуват анестезиолози, офталмолози, педијатри, ортопеди, психијатри, радиолози.  Штипската Клиничка болница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се вработуват анестезиолози, офталмолози, педијатри, ортопеди, психијатри, радиолози.  Штипската Клиничка болница, го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти. Огласот ќе трае пет работни денови, а заинтересираните кандидати треба дека имат завршено Медицински факултет, положен Стручен испит и Лиценца за работа издадена од Лекарската комора. Со овој оглас, најголемиот здравствен капацитет во источниот дел на државата,  полека ќе го решава недостатокот од кадар, проблем  со кој се соочуваше последните неколку години.

„Со овие 19вработуваања, релативно ќе биде задоволен бројот . Сепак, голем дефицит во болницата имаме од средниот персонал. Имаме голем недостаток од медицински сестри, болничари и хигиеничари„ изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Во наредниот период се очекува да биде распишан интерен оглас за специјализации на веќе вработените лекари по општа медицина. Дополнително ќе се бара и решение за оние вработени кои се на договор на дело.

Реклама

„Во моментот под договор на дело имаме 42 вработени. Ја чекаме согласноста за продолжување на тие договори кои се за определено време. Во преговори со Фондот за здравство, да се размислува ако може и ако има средства да трансформираме некој од нив во неопределено. Но, тоа е се во преговори„ изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Штипската Клиничка болница има потреба од околу 130 лекари, медицински и технички кадар. Најголемиот одлив на кадар во изминатиот период беше во приватните болници и во странство.