Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Oтворен центар за рехабилитација во штипската болница, за полесно закрепнување на повредните

Во штипската Клиничка болница, отворен Центар за рехабелитација, каде дел од повредените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипската Клиничка болница, отворен Центар за рехабелитација, каде дел од повредените во дискотеката „Пулс„  со хидротерапија, електро процедури и кинези терапија ќе може полесно да закрепнуваат. На Одделот за физикална терапија, при штипската Клиничка болница, подготвени се педесетина болнички кревети каде што ќе се хоспитализираат потешко повредените.

„Пациентите почнавме да ги примаме од пред ден-два. Сите капацитети во Клиничка болница, Штип, тоа се педесет легла, стационарни и капацитетите на Физикална терапија се ставени во функција….Потешките случаеви ќе се лекуваат стационарно кај нас и дел во болницата во Кочани„ изјави д-р Никола Костадинов, раководител на Физикална терапија, Штип

Во физикалните третмани, ќе бидат вклучени лекари специјалисти и обучен физиотерапевтски кадар. Доколку има потреба ќе се ангажираат и лекари од другите болници во државата. Дополнително, со пaциентите со изгореници ќе се работат  и вежби за дишење кои ќе бидат од голема важност за нивно брзо заздравување и закрепнуваање.   

Реклама

„Пациентите се со тешки изгореници, контрактури. Но, имаме голем дел на пациенти со фрактури и ампутации. Таму ќе имаме рехабелитација на скршеници, но и вежби за дишење кои се дел од рехабелитацијата на пациентите со изгореници„ изјави д-р Никола Костадиновски, раководител на Физикална терапија, Штип

Физикалната терапија располага и со базен со термална вода од изворот на Кежовица, која се смета за една од најлековитите води во Европа. Истиот се користи за вежби и лекување на пациентите главно со фрактури. Доктор Костадиновски, упати апел пациентите со изгореници да не користат мелеми и креми од надри лекари, туку да бараат соодветна лекарска помош.