Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Култура

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со сите единици,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со сите единици, донира 3.800.000 денари на Црвен Крст на Република Македонија, наменети за финансиска помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

„Трагичниот настан што одзеде голем број животи предизвика огромна болка во целото наше општество, која никогаш нема да биде надмината. Во овие тешки моменти, кога голем број семејства изгубија синови и ќерки и кога огромен број на млади луѓе закрепнуваат од тешките последици што ги предизвика огнената стихија врз нивното здравје, од исклучителна важност е да бидеме солидарни и да помогнеме за барем малку да го олесниме нивното закрепнување“, наведуваат од УКИМ.

Од Универзитетот им посакуваат на сите повредени од пожарот што настана во дискотеката во Кочани, поскоро враќање во нивните домови во стабилна здраствена состојба.

Реклама

„Се случи трагедија од огромни размери и ние, како институција чија дејност е посветена токму на младите луѓе, изразуваме голема надеж дека случајот ќе има скорешна разрешница од страна на надлежните институции и дека правдата ќе биде задоволена, со што барем малку, ќе стивне општествената тага“, истакнуваат од УКИМ.

Од Универзитетот изразуваат верување дека одделените финансиски средства ќе помогнат во овие тешки моменти, а посветеноста дека ќе го докаже единството на македонското општество.