Со натчовечки напори и сета енергија што ја имавме во тие тешки моменти се боревме за секој човечки живот, вели директоррката на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Во утринските часови на кобниот 16-ти март сирените на брзата помош ечеа, а најголем дел се упатија на скопските клиники. Сите лекари и медицински персонал и они кои биле дежурни и оние кои не биле на работа, но за скоро време пристигнале во болниците по ужасната вест, сплотени им пружале помош на повредените… Во тие траорни моменти, мисијата им била една да се спасат сите.
„Никој не гледаше на саат кој како работи“ – вели д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска – директорка на Клиника за пластична хирургија.
Доктор Ѓорѓиевска Павловска вели дека секоја помината секунда била важна при приемот на пациенти. Секако од голема помош им биле колегите лекари кои брзо по ужасната ноќ дојдоа во Макеоднија.

“Првите кои што дојдоа на помош беше тимот од Србија, дојдоа и пргледаа и ни кажаа дека сме на прав пат во лекувањето на пациентите. Отидоа во “8 септември” каде што има помал број на пластични хирурзи, они останаа подолго време таму после дојдоа од Чешка околу 2 часот по полноќ они ни беа ветер во грб за повќе сила кога веќе е истоштена” – вели д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска.
Докторите и сестрите со денови неуморно работат и даваат се од себе во лекувањето на повредените пацинети во македонските болници.
“Заеднички трите тима македонските чешките и израелските сите работевме заедно направивме добар план, планот беше како уште подобра да биде негата на пациентите кои се кај нас. Јас им благодарам на сите што дојдоа и помогнаа. Во ваква катстрофа што никој не ни помислил дека ќе се случи мислам дека ни треба секаква поддршка затоа што повеќе глави многу подобро и попаметно” – изјави таа.
Лекарите и медицинскиот персонал им пружаат целосна нега на 72-ца повредени кои се хоспитализирани во македонските болници и најголемиот дел од нив се во стабилна состојба.
