Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Николоски: Жално е што Бугарија ги повлече предвидените средства, но остануваме целосно посветени на изградбата на железничкиот Коридор 8

Вицепремиерот Николоски, при посетата на општина Ѓорче Петров, истакна дека Владата останува…

Сподели:

Вицепремиерот Николоски, при посетата на општина Ѓорче Петров, истакна дека Владата останува целосно посветена на поддршка на општините и нивниот развој, со цел да се обезбедат подобри услови за живот на граѓаните. Тој нагласи дека државата ќе продолжи да вложува во развојот на инфраструктурата, со акцент на изградбата на железничкиот Коридор 8.

Во контекст на неодамнешните информации кои пристигнаа од Бугарија во врска со железничкиот дел од Коридор 8, Николоски изјави:

„Остануваме силно посветени на изградбата на железничкиот Коридор 8, особено на втората секција, која моментално е во активна изградба. Оваа секција има должина од 34 километри и го поврзува Бељаковце со Крива Паланка. Во јануари, ја пуштивме првата секција од Куманово до Бељаковце и продолжуваме со напорна работа на трета секција. Нашиот дијалог со Бугарија продолжува, бидејќи веруваме дека Коридор 8 е од клучно значење не само за Македонија, туку и за целиот регион и Европа. Тоа е втор најважен НАТО коридор, и нашата посветеност останува непроменета.“

Реклама

Николоски го изрази и своето разочарување по повод одлуката на Бугарската Влада да ги повлече средствата кои беа предвидени за реконструкција на делот од пругата од Софија до Ѓуешево:

„Со жалење ја примивме веста дека Бугарија ја повлекла поддршката за реконструкција на делот од Софија до Ѓуешево. Пругата е во очајна состојба и не може да се користи, што го отежнува изградбата на тунелот што треба да ги поврзува двете држави. Потребна е реконструкција на пругата од Ѓуешево до Софија за да се овозможи поефикасно поврзување на Скопје и Софија,“ изјави Николоски.

„Одлуката да се пренасочат средствата за реконструкција на делот од Софија до Бургас јасно испраќа политичка порака во однос на нивната посветеност на изградбата на Коридор 8. Ова ја поништува сета пропаганда која се водеше против нас во последните месеци, обвинувајќи нè за недостаток на желба да се поврзуваме со Бугарија. Напротив, сите овие тврдења беа само манипулација и оправдување пред јавноста и европските институции,“ заклучи Николоски.