Реклама
Македонија

Мицкоски: Македонија веќе не е хибриден режим според „Економист“ – време е за радост

Мене ме радува фактот што, по многу години, Македонија веќе не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мене ме радува фактот што, по многу години, Македонија веќе не е хибриден режим според „Економист“. На 27 февруари беше објавено дека Македонија напредува за 10 места на скалата. Сега не сме повеќе хибриден режим, туку сме во подобра позиција во споредба со другите земји во соседството, кои бележат опаѓање.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров.

„Ајде да се радуваме на овој успех, да им соопштиме на граѓаните дека веќе не сме хибриден режим според „Економист“, туку дека ја унапредивме демократијата. Сметам дека ова треба да го забележи и Европската унија, како и известувачите, и да го вклучат во нивниот извештај“, изјави Мицкоски.