Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Со пари од унгарскиот кредит, Штип ќе ја враќа убавината на тврдината Исар

Со пари  од унгарскиот кредит, Штип ќе ја враќа убавината на тврдината Исар. Со проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пари  од унгарскиот кредит, Штип ќе ја враќа убавината на тврдината Исар. Со проектот кој ќе биде финансиран со средства преку вториот јавен повик се предвидува целосна реконструкција на акрополот, со што белегот на градот-калето ќе  го добие својот автентичен лик од раниот среден век кога се градело  за одбранбени и стратегиски потреби на градот.

 „Децински сон на штипјани,коишто досега си замислувале како некогаш изгледала тврдината Исар синонимот и симболот на градот Штип, конечно проектот којшто го добивме од страна на Музеј-Штип, успеавме да обезбедиме финансирање преку Владата на Република Македонија, нешто повеќе од 1,6 милиони евра се средства предвидени за изградбата на тврдината Исар“ изјави Иван Јорданов,  градоначалникот на Штип.

Со реализација на проектот ќе  се започне веднаш по завршувањето на тендерската постапка, а согласно планот, голем дел од градежните активности треба да завршат оваа година.

Реклама

„Проектот вклучува три кули коишто се поврзани со ѕидини, повисоки од 4 метри, на коишто ѕидини сите посетители ќе имат можност да се движат и да имат прекрасен поглед на градот Штип“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Тврдината Исар во себе крие многу тајни, но и легенди кои во минатото дел од нив ја потврдија својата веродостојност. Таков е примерот и со легендата за тајниот  триесетметров тунел кој води до врвот на тврдината, како и обичајот Чет^рсе кој поради својата уникатност се најде на листата на нематрејално богатство на Унеско.