Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Соларниот парк „Стипион“ меѓу Штип и Свети Николе ќе произведува струја за цел еден град

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија. Соларниот парк, ќе биде најголем во земјите од Западен Балкан, а треба да го гради француската компанија АКУО.

„Оваа е од 400мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000жители. Ќе придонесе за снабдуваањето и сигурноста на системот во државата, но и ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање“, изјави Славе Ивановски, експерт за енергетска политика.

„Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци“, изјави Катинка Рамбер, дир. на Фондација АКУО

Реклама

Соларниот парк „Стипион“ ќе се простира на 452 хектари на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата кадешто требаше да има карго аеродром. При неговата изградба ќе се вклучат и студентите од штипскиот Универзитет.

„Штип во последно време прераснува во енергетски центар, заради природниот потенцијал што го има, а тоа е сончевите денови, присуството на ветер. Најавени се многу инвестиции во обновливи извори на енергија“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

„Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности, и во поставувањето на самиот парк , но и во изградбата на нивните станици“, изјави проф.Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.

Инвестицијата за изградбата на соларниот парк „Стипион“ќе чини околу 300 милиони евра.