Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Култура

Операта „Кармен“ во Националната опера и балет на 1. март

На 1 март, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 1 март, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена една од најпознатите и најомилени опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Ова безвременско музичко ремек-дело ја раскажува приказната за заводливата и независна Кармен, жена која го освојува срцето на војникот Дон Хозе, но љубовта меѓу нив завршува трагично.

Во насловната улога ќе настапи мецосопранот Николина Јаневска, додека улогата на Дон Хозе ќе ја толкува реномираниот тенор од Кина, Ѕ-Жао Гуо. Како Ескамилио ќе настапи Васко Здравков, а во останатите улоги ќе се појават Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Невен Силјановски и Кристијан Антовски. Со нив на сцената ќе бидат хорот, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, како и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, под водство на Весна Димчевска.

Гостин-диригент на оваа изведба ќе биде италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, додека режијата и сценографијата се дело на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија. Костимите ги потпишува Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Реклама

Операта „Кармен“, создадена во 1875 година, е базирана на истоимениот роман од Проспер Мериме. Иако првично не доживеала голем успех, таа брзо станала една од најизведуваните опери во светот, благодарение на својата извонредна музика и драматичната приказна. Доказ за нејзината вредност е и тоа што големи композитори како Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси веднаш ја препознале нејзината убавина и значење.

Оваа претстава во Националната опера и балет ветува незаборавно доживување за љубителите на класичната музика и операта. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од магијата на „Кармен“!