„Костал“ е првата компанија која глобалниот корпоративен данок ќе го плаќа во Македонија
Добри вести за македонската економија доаѓаат од странските компании кои работат во…
19.02.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Добри вести за македонската економија доаѓаат од странските компании кои работат во државава. Иако во Германија и останатите западноевропски пазари состојбите се предизвикувачки, кај нас тоа нема да има негативно влијание. Напротив, германски Костал, кој работи во зоната во Охрид и која е првата која ќе го плаќа тука глобалниот корпоративен данок, планира проширување на инвестицијата и зголемување на извозот. Вицепремиерот Александар Николоски е задоволен и очекува натамошен позитивен тренд во делот на странските инвестиции по ланските рекордни една милијарда евра.