Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

На денот на лозарите почна исплатата на субвенциите

Лозарството е во фокусот на оваа Влада и се прават напори оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лозарството е во фокусот на оваа Влада и се прават напори оваа гранка која е многу важна за нашата држава повторно да се врати на пиедесталот којшто го заслужува, порача денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој денеска заедно со амбасадорката на Америка во Македонија Анџела Агелер и градоначалникот на Кавадрци, Митко Јанчев со закројување на винови лози го одбележаа Свети Трифун, заштитник и чувар на лозарите.

„Минатата година за потсетување имавме согласно Законот за вино цена којашто беше историски највисока. Тоа е показател дека покажуваме сенс за оваа битна гранка. Со редовната исплата на субвенциите кои минатата година беа заостанати, продолживме со редовна исплата на субвенциите. Така и денеска на сметките на повеќе од 11.000лозари, легнаа субвенциите за 2024. Ова е уште еден показател дека она што беше ветувано, за редовна исплата се случува“, изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.   .

Бериќетна и успешна година на лозарите им посака и градоначалникот на Кавадрци, Митко Јанчев, кој истакна дека од со јакнењето на винската  индустрија бенефит ќе има целата држава.

Реклама

„Сами знаете дека Македонија, е земјоделска земја и би бил среќен кога пак би ја постигнале онаа количина на грозје и би направиле извоз на вино од над 100милиони евра. Тоа би било голем бенефит  и за државата и за Кавадарци“, изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Во Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100милиони литри вино, од кои 70% се извезуваат во над 40 земји низ светот.