Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Летале боксови и шамари во операциона сала во штипската болница – се степале двајца лекари

Скандал во штипската болница. Во операциона сала се степале двајца лекари. Ортопед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал во штипската болница. Во операциона сала се степале двајца лекари. Ортопед и хирург прво почнале да се расправаат и меѓусебно да си дофрлуваат, па физички се пресметале. Која била причината за расправијата, дали кавгата настанала поради пацент – засега не се откриваат детали, но, неофицијално лекарите оперирале двајца различни пациенти.

Случајот го потврди менаџментот на болницата, од каде информираа дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени. Во соопштението испратенпо од болницата, само се посочува дека бил нарушен работниот ред со физичка пресметка.

Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработенисе вели во соопштението од Клиничка болница – Штип.

Реклама

Од таму велат дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена. Претходно од полицијата известија:

На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.