Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Струја од ветер за 150 илјади домаќинства, наближува почетокот на изгрaдбата на ветерниот парк во Штип

Наместо да дува во празно, познатиот штипски ветер ќе произведува струја. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да дува во празно, познатиот штипски ветер ќе произведува струја. Во Штип, ќе се гради најголемиот ветерен парк во Западен Балкан кој ќе се простира на 326 хектари. Градежните активности  ќе почнат во втората половина  на годината и освен на територијата на Штип, паркот ќе зафати дел и од атарот на општините Карбинци и Радовиш. Според анализите, турбините ќе произведуваат енергија со која ќе може да се опслужат над 150.000домаќинства, притоа избегнувајќи емисија на 980.000 тони јаглерод диоксид годишно.

„Фазата на изградба се очекува да започне во втората половина од оваа година и да трае приближно три години, а оперативната фаза ќе запоичне со поврзување на ветерниците со националната мрежа и се очекува тоа да биде во 2027 година„ изјави Тања Димитрова Филкоска

Паркот ќе има 54 генератори на ветерни турбини кои годишно ќе произведуват над 860 GWh електрична енергија. Освен производството на енергија од обновливи извори, бенефит ќе има и локалната заедница, сметаат од компанијата којашто ќе го гради паркот. Се предвидува и изградба и реконструкција на пристапни патишта во должина од околу 68 километри.

Реклама

„Како додадена вредност е изградбата на пристапните патишта во регионот кои треба да бидат јавно достапни. Исто така ќе се создадат привремени работни мреста за време на изградбата, а ќе има и долгорочни вработувања откако проектот целосно ќе биде оперативен. Изведувачите ќе бидат охрабрени да ангажираат локални подизведувачи и локална работна сила„ изјави Тања Димитрова Филкова.

Ветерниот парк којшто треба да го гради компанијата Алказар Енерџи ќе биде со работен век од 25 до 30 години и според најавите ќе чини околу 450 милиони евра.