Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Свет

Единаесет лица повредени во пожар во студентски дом во Љубљана

Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија.

Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски.

Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час.

Реклама

Според информациите од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Љубљана, меѓу повредените има млади лица на возраст од 15 до 19 години.

Тројца се здобиле со тешки повредени- еден ученик има тешки изгореници и е во критична состојба, додека двајца се здобиле со скршеници на ’рбетот и глуждот откако скокнале од прозорец за да се спасат од пожарот.

Уште четворица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид, а останатите се со полесни повреди. Причината за пожарот се уште не е позната, а истрагата е во тек.

Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат и брзо се проширил. Студентите тврдат дека алармот за пожар не се активирал, но полицијата се уште не го потврдила тоа.