Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Основците во Штип добија училишни униформи

Учениците од прво до петто одделение во петте основни училишта во Штип,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од прво до петто одделение во петте основни училишта во Штип, добија училишни униформи. Сите ученици задолжително ќе мора да носат дуксер и маица со логото на училиштетот. Само вака, со унифициран изглед во училишните средини, може да се намалат социјалните разлики меѓу учениците, кои во општеството веќе подолго време се предупредувачки.

„Целта на проектот е, односно веруваме дека и те како ќе се постигне еден унифициран изглед на учениците, со кои ќе се надминат сите социјални разлики и ќе бидат еднакви. Мора да напоменам дека ученичката униформа ќе биде задолжителна„ изјави Соња Николова, од Одделението за образование, при Општина Штип

Бесплатна училишна униформа добија 2111 ученици. Во буџетот се предвидени пари и за учениците од предметна настава. Се прават напори со проектот  кој се реализира веќе втора година по ред,  да бидат опфатени средношколците.

Реклама

„Општина Штип, за оваа година има обезбедено 5милиони денари. Имајќи во предвид дека при самото јавно наддавање, постигнатата цена достигна 2,5милиони денари. Останатите средства очигледно ќе бидат искористени, со оглед на тоа дека веќе се предвидени во вкупен изнесов од 5милиони денари, за да може да бидат опфатени и останатите основци во сите основни училишта„ изјави Иван Јорданов,  градоначалник на Штип.

Носењето на училишни униформи, освен за намалување на класните разлики, за социјолозите претставува  и воведување на ред и пристојност во училишните средини, како и подобрување на безбедноста.  Претходно во сите училишта во градот, беше донесен и кодекс на однесување според кој учениците се должни пристојно да се облекуваат и на настава да не доаѓаат облечени во куси панталони и маици или искинати фармерки.