Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Николоски: Изведувачот се спремаше за арбитража, работниците беа повлечени, а денес имаме преубав експресен пат!

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.

-Во рок од само десетина дена, второ големо отворање. Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново. Еден преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето и на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град. Ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување со Коридорот 10 кој треба да значи целосно или автопатско или експресно поврзување со ГП Меџитлија, рече тој.

Николоски посочи дека штом ја презел функцијата се соочил со документација која говори за скандалозно однесување на минатата власт.

Реклама

„Ние сме избрани да работиме, а не да се жалиме и даваме образложенија, но пред мене имам нешто и рачно пишувано, нешто со маркер , го имам и првиот документ кој што го добив кога станав министер, првата голема главоболка со која се соочив – Извештајот за состојбата, во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Ќе ви кажам кратко, директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година ипол не сакала да потпише два адендуми кои беа договорени заедно со европската делегација и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12-ти септември проблемите беа решени. Од тогаш до буквално Нова година се работеше тука, се заврши и честитам“, истакна Николоски.