Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Инвестиции во инфраструктурата – Македонија го зајакнува значењето како транспортен коридор

Градежната експанзија од втората половина од 2024-та продолжува и годинава. Повеќегодишните инфраструктурни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежната експанзија од втората половина од 2024-та продолжува и годинава. Повеќегодишните инфраструктурни проекти кои стоеја во фиоките, закочени или пак бавно се реализираа, почнаа да се одглавуваат. Само во првиот месец од новата година предвидено е да се пуштат во употреба два патни правца и да се заврши една железничка линија. Вчера беше пуштен во употреба новиот експресен пат Страцин – Крива Паланка кој се заврши експресно откако се влечкаше во изминатите шест ипол години. Надлежните рекоа дека со интензивна работа во последниве 6 месеци успеале за завршат во предвидените рокови. Следна на агендата на државното претпријатие за државни патишта е и делницата од Куманово до Страцин. Целта е од Куманово до Крива Паланка наместо за еден час, да се патува четириесет минути и да се забрза протокот на луѓе и стоки не само на истокот од земјава туку и кон и од Бугарија.

Друг експресен пат кој беше закочен долго време и полн со пропратни проблеми е и Градско- Прилеп. По забрзаната изградба последниве месеци, за неколку дена треба и официјално да биде пуштен во употреба делот од Градско до Фариш. Овој пат влегува во 10-та година од потпишувањето на договорите за изградба. Градежните работи неколку пати беа во застој бидејќи изведувачите, странски компании ги раскинаа договорите. Проблем беа и косините, изборот на членови на Комисијата за надминување на техничките проблеми и слично.  Сега делот до Дреново од 16 километри го гради австриската Штрабак, а 10-те километри од Дреново до Фариш кинеската Синохидро. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 км. Со изградбата значително треба да се олесни протокот на сообраќај и да се скрати времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола.

На самиот старт на летната сезона, во јуни годинава, треба да бидат пуштени во употреба и првите километри од автопатската делница Кичево – Охрид. Патот кој бавно се реализираше и тапкаше во место, сега забрзано се гради. Проблемите со експропријацијата се надминаа и процесот е при крај. Очекуваањата се градежните работи од Врбјани до Песочани во должина од 11 и пол километри да бидат завршени и овој дел да биде пуштен во употреба, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи.

Реклама

Во втората половина од јануари треба конечно да биде отворена и железничката линија од Куманово до Бељаковце. Тоа е првиот од трите дела од железничкото поврзување со Бугарија. Поминаа речиси 11 години откако на Клечовскиот мост беше поставен камен темелник за старт на градежните работи кои се одвиваа со бројни проблеми. Втората фаза од проектот се уште е проблематична, а за третата заедно со Бугарија треба да се изнајде заедничко решение за железничко поврзување кое ќе биде брзо, но и поевтино од претходно предложеното.

Од останатите проекти, во февруари ќе се распише тендер за избор а изведувач на вториот дел од автопатот од Скопје до Блаце. Комплетирана е само првата фаза, два километри пат, кои не завршуваат никаде, односно воопшто не се поврзани со постоечкиот пат. Министерот за транспорт откри сериозни индикации за корупција и незаконски пренамени на средства, кои ја успориле изградбата на автопатот и ги зголемиле неговите трошоци за 70 до 120 милиони евра. Дополнително обвинувањата се дека поранешни функционери на ДУИ станале нови газди токму на имотите кои требало да се експроприраат.

Забрзано гради и Бехтел и Енка. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри. За автопатите на коридорите 8 и 10 д, што ги гради Бехтел и Енка, за 2025 година во буџетот на Министерстото за транспорт се предвидени 130 милиони евра.