Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Пораст на продажбата на станови во Штип

Расте продажбата на станови во Штип.  Интерес има и за старите, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте продажбата на станови во Штип.  Интерес има и за старите, но и за новите градби. Само годинава, се продадени 270 станови во згради за колективно домување, чија вредност се проценува околу 13 милиони евра. Ако претходно повеќе купуваа турски државјани, сега се почесто се домашни , посебно од помалите градови од источниот регион.

„Од нив 135 се нови станови и според договорите цената на новите станови се движи од 800евра за метар квадратен до највисоката од 1380 евра за метар квадратен. По сите основи, од сите имоти од данок напромет општината има инкасирано 1.250.000евра„ изјави Драган Каров, даночно одделение, ЛС-Штип.

И покрај големиот број на продадени станови, трендот изградба на нови, не стивнува. Во моментот се градат уште 200 нови, кои  догодина ќе бидат евидентирани во даночното одделение. За да се задоволи побарувачката на недвижности, општината продаде и 10 градежни парцели за индивидуално домување во приградската населба Три Чешми.

Реклама

„Бидејќи се покажа дека граѓаните, јавноста, има интерес да инвестираат во овој дел од градот, ние како општина, веќе и во самата програма за отуѓување на градежно земјиште имаме предвидено отуѓување и на други градежни парцели за оваа намена кои се наоѓаат во истиот плански опфат„ изјави Лазар Хаџи-Николов, од Одделението за урбанизам, при ЛС-Штип.

Интересот за купување на станови порасна откако Штип, стана Универзитетски град.  Најголема продажба  има регистрирано во 2022, кога биле продадени 400станови, што би значело дека секој ден во годината се продавал по еден стан. 

Александра Ристевска