Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Трговците ги намалија цените, граѓаните го искористија викендот за пазарење

Цените на најосновните прехранбени производи се стабилизираа. По апелот на Владата да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на најосновните прехранбени производи се стабилизираа. По апелот на Владата да ја почитуваат сопствената одлука да продаваат поевтино во рамки на Новогодишната кошница, тие додадоа уште 50 тина производи на листата. Цените на останатите производи кои се зголемија и до 25% за десетина дена, полека почнаа да се намалуваат.

10 јајца во еден скопски маркет чинат 80 денари, а табла од 30 јајца 200 денари.

Брашното се продава од 34 до 39 денари за килограм, а најевтиниот леб и за 27 денари.

Реклама

Намалени се цените на месото од домашно потекло. Па така, цената на килограм свинска кременадла, свински пафлак или ребро е 360 денари, мелено месо се продава за 320 денари, а свинска плешка без коска чини 380 денари.

Маслото за јадење кое најмногу поскапе и достигна 97 денари пред неколку дена, сега се продава од 84 до 88 денари.

Од млечните производи, еден литар јогурт е 60-тина денари, исто толку чини и млекото, а еден производител го продава и за 50 денари. Килограм сирење се наоѓа и за 240 денари, кашкавал за 390 денари, а урда за 155 денари.

200 грама кафе чини 125 денари, килограм бисквити 170 денари, а пакет од 4 литри газиран сок е нешто над 150 денари.

Граѓаните кои ги регистрираше камерата на Алфа кои купуваа за дочекот на Новата Година, велат дека цените се стабилизирале, но на некои се уште им е скапо за да можат да си дозволат да купат се што ќе посакаат.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера рече дека во последен момент се предомислил да не и предложи на Владата да ги ограничи цените на производите. Тој и премиерот отворено го изразија незадоволството од дел од трговците кои ги зголемија цените на другите производи кои не влегуваат на листата на новогодишната кошничка. Тие рекоа дека нема да дозволат раст на цените на најосновните производи за време на празниците. Ги предупредија трговците дека ако повторно станат алчни и ги подигнат цените нагоре, веднаш ќе реагираат и ќе ја активираат мерката замрзнување на цени.

Новогодишната кошничка овојпат ја донесоа самите трговци, а не со одлука на влада. Дурмиши вчера не рече дали и следните како велигденската и рамазанската ќе се носат врз база на ист принцип, особено затоа што трговците беа недисциплинирани.

И покрај тоа што во земјава функционира Законот за нефер трговски практики, предвидено е казните да следат по први јануари, со што треба да се стави ред во трговијата на големо и мало.