Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

По опомените од премиерот и владата, трговците ги регулираа цените – но, ако пак „летнат“, ќе има замрзнување

Министерот за економија Бесар Дурмиши во „5 до 12“ се предомислил да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија Бесар Дурмиши во „5 до 12“ се предомислил да не и предложи на Владата да ги замрзне цените на производите. Задоволен е што трговците по искажаните опомени, се опаметиле и ги корегирале цените надолу. Дециден е дека нема да се дозволи раст на цените на најосновните производи за време на празниците. Листата била дополнета со 50 нови продукти. Дел од маркетите веќе објавиле флаери со пониски цени на јајцата, маслото за јадење, месото и сувомеснатите производи, млекото, путерот, јајцата. Дурмиши предупредува, ако трговците повторно станат алчни и ги подигнат цените нагоре, веднаш ќе реагира и ќе ја активира мерката замрзнување на цени.

За поскапувањето на производите кои не се дел од новогодишната кошничка, Дурмиши вели дека инспекторите на терен утврдиле дека нема простор за пишување казни. Немало пораст на нивниот профит.

Премиерот Мицкоски вели дека по опомените и најавите за ограничување на маржите и замрзнување на цените, трговците ги вратиле цените на старите пониски нивоа. Најголем дел од трговците го почитувале договореното. И според него, засега немало потреба Владата да ги ограничи цените.

Реклама

На листата на новогодишната кошничка се наоѓаат над 1000 производи. Мерката трае до 15-ти јануари. Целта на оваа акција беше граѓаните да пазарат во екот на новогодишните и божикните празници по најниски цени на производите кои најчесто се купуваат во овој период од годината.