Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски им се налути на трговците за манипулациите со цените и најави засилени контроли

Груба злоупотреба на акцијата новогодишна кошничка. Мицкоски со критика за потезите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Груба злоупотреба на акцијата новогодишна кошничка. Мицкоски со критика за потезите на трговците пред празниците. Вонредна инспекциска контрола за оние чии производи се опфатени со кошницата – најави премиерот. Мицкоски е разочаран од односот на маркетите кои формираа нереално високи цени за најосновните прехранбени производи опфатени со новогодишната потрошувачка кошничка. Тој најави остри мерки против шпекулациите со цените на основните прехранбени производи. Ова прашање ќе се разгледува на владина седница, ќе бидат побарани информации од министерот за економија Дурмиши, по што ќе следи и жестока акција на пазарниот инспекторат.

-На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно…. Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане, рече Мицкоски

Граѓаните револтирани од пазарењето во маркетите велат дека едни од најосновните производи меѓу кои јајцата, шеќерот и маслото за јадење поскапеле најмногу. Трговците прво ги подигаат цените, за кога стартуваше акцијата со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, да продаваат поскапо од претходно. Мицкоски вели дека не се надевале на ваков однос на трговците кога ја договарале мерката.

Реклама

Акцијата новогодишна кошница Владата ја спроведува на предлог на бизнисот кои самите определија кои производи ќе поевтинат до 10%. На терен, најголема разлика во центаа има кај маслото. Еден литар масло за јадење на почетокот на ноември беше 73 денари, потоа просторот без владина акција го искористија добавувачите и цената скокна на 92 денари. Сега, за само една недела откако почна акцијата „Новогодишна кошничка“ цената се искачи на 97 денари. Попустот требаше да се одреди врз основа на најниската цена во последните 30 дена.