Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Македонија „мета“ на странските инвеститори – Мицкоски најавува четири нови инвестиции до крајот на годинава

Македонија – таргет на меѓународните компании и во време на криза на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија – таргет на меѓународните компании и во време на криза на европскиот пазар. Две нови странски инвестиции од компании кои треба да вработат 500 луѓе – најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека во моментов се преговара со нив, а очекува до крајот на ноември да има позитивен исход. Едната треба да биде вложување во нов погон, а другата ќе биде проширување на постоечките капацитети. Новите инвестиции ќе„тежат“ 50 милиони евра.

Склучување договори за нови инвестиции ќе има и во последниот месец од годинава. Вложувањата ќе бидат во градежниот сектор и во автомобилската индустрија.

Владата пред неколку дена потпиша два одделни договора за државна помош за двете компании на брендот „ Бреинчајлд“  продукција и Бреинчајлд производство кои работат во земјава. Со ова им се овозможи на компаниите во Битола да инвестираат  во адаптирање на лабораторија за истражување и развој да изградат нов објект во индустриската зона во Жабени. Почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година. Овие две инвестиции се случија откако Владата во изминатите четири месеци договори вложувања во вредност поголема од 600 милиони евра и нови 1.600 вработувања.