Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Директорот на царина со отчет за 100 дена: Зголемена наплата на царински давачки, заплена на нелегални стоки

Зголемена наплата на царински давачки, заплени на нелегални стоки, модернизација на гранични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемена наплата на царински давачки, заплени на нелегални стоки, модернизација на гранични премини, дигитализација на услугите. Директорот на Царина даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Приходите на Управата биле поголеми за 9,2% односно биле наплатени дополнителни 48 милиони евра за ДДВ при увоз, акцизи, давачки за моторни возила и други. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати. 

Јули бил дефинитивно најуспешен месец кога бил постигнат рекорд во наплатата на царинските давачки, односно 12 милијарди денари. Приходите од увозните давачки во јули забележале раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%. Приходите од акцизите пак биле поголеми за 16,6% во јули, 12% во август и 26% во септември. Министерката за финансии вели дека е задоволна од улогата на Царината во спречувањето на нелегалната трговија.

Царинскта Управа интензивно работи на модернизација на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, дигитализација на постапките, како и на новиот интегриран систем за видео надзор и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички. Инаку, учеството на наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите на Буџетот изнесува 41%. Приходите на царината изнесуваат дури 73% од вкупните даночни приходи.