Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Со поголеми приходи од давачки, до поголема финансиска независност на општините

Ако општините успеат сами да си ги наплатат приходите во целост, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако општините успеат сами да си ги наплатат приходите во целост, ќе бидат повеќе независни од централната власт. Само една третина од вкупните финансии ги обезбедуваат сами. Остатокот се дотации од централната власт. Од ЗЕЛС велат дека 100-те милиони евра помош од Владата за капитални проекти и тоа како ќе ја подобри состојбата. Процесот е во тек, а парите треба да се искористат до крајот на годинава. Пријавени се сите општини со вкупно 357 проекти за изградба на патишта, училишта, градинки, водоводи.

Општините треба да бидат финансиски независни. Неопходни се законски измени за општините да можат да соберат поголем процент од даноците кои се собираат на централно ниво како што се данокот на доход, ДДВ и други – смета професорот Борче Треновски. Сепак, тој смета дека треба да се зголеми и кадровскиот капацитет на општините да ги менаџираат овие зголемени приходи. Дополнително треба да с еподобрат капацитетите за услугите кои ги даваат локалните власти да бидат поквалитетни.

Откако на општините им се овозможи законски, голем дел од нив ги зголемија стапките на данок на имот, па давачките по оваа основа драстично им се зголемија. Се надминаа случаите на општини, како на пример Арачиново, која немаше ниту едно изготвено решение за данок на имот, бидејќи во самата општина не постоеше ниту база на соспственици , ниту даночно одделение. Во Македонија најнизок процент од даноците се слева во локалната власт. Со амрикански прокет се спроведува проект за зајакнување на ресурсите на општините за искористување на ресурсите.

Реклама

Од ЗЕЛС потенцираат дека потегот на претходната влада која со 50 милиони евра финансиски им помогна на општините не вроди со плод, бидејќи тие продолжија да трупаат долгови. Сегашното решение за помош за реализација на капитални проекти ќе донесе поголема додадена вредност – велат оттаму. Во моментов, според податоците на Министерството за финансии , најзадолжено локално јавно претпријатиер е Комуналец – Гостивар, а најзадолжена општина е Град Скопје до долг од речиси 11 милиони евра.