Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Владата ќе креира нови мерки за вработување млади и враќање на иселените

Владата со нови мерки ќе го спречува иселувањето на младите. Заменик министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата со нови мерки ќе го спречува иселувањето на младите. Заменик министерот за економија Марјан Ристески, најави дека од следната година ќе се зголеми буџетот за вработување млади. Преку Агенцијата за вработување ќе се креираат нови мерки за да се привлечат Македонците што студираат во странство да се вратат и да работат во земјава или пак да отворат свои бизниси овде. Ристески вели дека приоритет на Владата е да се задржат младите во Македонија и да се вратат дел од иселениците. Приоритетите на Владата  се отворање на нови 70 илјади работни места во наредните четири години за млади луѓе, 500 загарантирани работни места за најдобрите студенти од универзитетите во Македонија, како и нови даночни олеснувања на фирмите и компаниите во Македонија за вработување на млади.

Голем дел од мерките кои сега се спроведуваат од Министерството за економија и Агенцијата за вработување не даваат ефекти – вели Ристески. Од Друштвото на словенечки и македонски стопанственици велат дека е многу важно како овие мерки ќе се креираат за да има резултати. Во светот ваквите даночни олеснувања за вработување млади биле успешни.

Реклама

Во моментов 1700 Македонци студираат во Словенија. Бројката е уште поголема бидејќи многумина студираат со европски пасоши. Од студентското здружение во Словенија порачуваат дека треба поголема кооперација меѓу студентите во Словенија и бизнисите во Македонија за овие луѓе да сакаат да се вратат во родната земја.

Новите мерки за вработување млади ќе бидат дискутирани следната недела во Министерството за економија со сите засегнати страни.