Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Граѓаните во очекување на есенската кошничка и замрзнатите цени

Замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите го решаваат проблемот со раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите го решаваат проблемот со раст на цените, но само на краток рок. Дел од аналитичарите сметаат дека Владата треба да изнајде друг начин  да им помогне на граѓаните да се справат со скапотијата, односно да се натераат компаниите да не ги дигаат цените премногу високо.. Цените дефинитивно биле превисоки и вештачки подигнати во маркетите, но треба да се внимава да не се наруши пазарната економија. Според Синиша Пекевски, една од била задолжително да надминува 50% делот на македонски производи во маркетите и да се инвестира во ладилници, за македонските земјоделци да можат да ги складираат производите и да ги елиминираат прекупците кои ја подигаат цената нагоре.

„Ем ќе се намали извозот на девизи, ем ќе се стимулира домашното производство и само така ќе се уништи тој дел, средните препродавачи, туку земјоделците ќе можат да продават директно од нива во маркет. Ќе го снема оној ланец на прекупци кои ја дигаат цената“ – вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Намалувањето на маржите може да вроди краткорочно со плод, но и да ги дестимулира трговците да ги нудат производите. Аналитичарите стравуваат дека на овој начин би можела да се стимулира сивата економија и овие стоки да се нудат на купувачите, но без државата да може да си наплати соодветен данок.

Реклама

„На места кадешто нема да се плаќа ДДВ на пазари паркинзи ќе се препродаваат овие стоки, такашто нема да има некој ефект туку диополнително ќе им се овозможи на тие прекупци да заработат. Од друга страна верувам дека верувам дека државата би можела да ја зголеми контролата врз тие прекупци и да изјајде начин на тие земјоделци да им помогне реално на оние кои произведуваат, а не субвенциите да бидат на сите условно земјоделци“ – вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Се уште е неизвесно кога ќе се донесат мерките за да се ограничат високите цени. Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека на владина седница ќе ја предложи  есенската кошница во која треба да се најдат околу 100 производи чии цени треба или да се замрзнат или да им се ограничат маржите. Премиерот Мицкоски, пак, рече дека с еуште размислуваат со која опција да одат и дека ќе има широка дебата со бизнис заедницата. Според последните статистички податоци, инфлацијата изнесува 2,2% во август.