Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Перински: Досега 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале на повикот за инфраструктурни проекти

– Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од шест милијарди денари, средства обезбедени согласно ребалансот на Буџетот.

Како што информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се чека на апликациите кои биле испратени по пошта, за да може во целост да се затвори јавниот повик.

– Морам да изразам огромно задоволство затоа што интересот беше навистина голем.

Реклама

Практично, мислам дека и нема да остане ниту една општина која што нема да аплицира за овие средства и ова само ни ја потврдува политиката на Владата дека навистина на локалните самоуправи им треба помош и интервенции од страна на централниот буџет за да им се постави основата т.е. оние проблеми што ги имаат со инфраструктурата во иднина да се коригираат, да се санираат и навистина да изградиме на еден начин модерни услови за живеење во рамки на целата територија на Република Македонија, рече министерот Пирински во изјава за медиуми пред настанот за нула цврст отпад во Општина Аеродром.

Информираше дека по затворањето на повикот, има десетдневен рок каде што локалните самоуправи треба да ги достават предлог-проектите во целост со пропратната документација како што се одобрение за градба до ресорните министерства и потоа почнува процесот на евалуација за кој ресорните министерства формираат евалуциски комисии.

Перински рече дека основната замисла на јавниот повик не е да се набавуваат основни средства, туку да се интервенира во инфраструктурата- Поентата на овој јавен повик беше онаму каде што самите локални самоуправи немаат доволно средства да инвестираат во подобрување на водоводната, канализационата, патната инфраструктура, во делот на образованието тоа да го направат преку оваа можност која што им ја даваме преку централниот буџет.

Тоа е главната и основна замисла на проектот, рече тој. На прашањето дали имаат добиено некој проект од Град Скопје, министерот одговори дека за тоа треба да се види во процесот на евалуација.

– Процесот на евалуација се работи во рамките на ресорните министерства. Градот Скопје ние го гледаме како една од единките на локалните самоуправи, не го издвојуваме затоа што нема ни потреба.

Така што, што ќе одлучат евалуциските комисии тоа ќе го дадат како предлог на усвојување до Владата и ќе видиме што ќе се усвои, рече тој.

Во однос на прашањето како го коментира извештајот кој покажува дека загадениот воздух е причина за смртност на бебиња, Перински одговори дека токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста и поздрава животна средина.

– Свесни сме сите, и ние како Влада, и како градоначалници во делот на локалните самоуправи дека проблемот со загадениот воздух не е од вчера, туку  континуирано трае низ годините наназад и дека навистина треба по ова прашање да направиме некаков исчекор во периодот што ќе следи, нагласи тој.

За решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје одговори дека е тема на која ќе се дискутира на следните седници на Влада.

– Би требало да се дискутира како една тема на следните седници на Влада, но ве молам имајте во предвид дека тоа не е во мој ресор.

Јас не бегам од одговорност или од можност да придонесам доколку можам согласно моите законски ингеренции.

Се надевам дека на една од следните седници на Влада ќе се отвори ова прашање и ќе се разговара во пресрет на зимата која што ни претстои, рече министерот Перински.