Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Бизнисмените и општините со нетрпение ги очекуваат евтините пари од унгарскиот кредит

Општините тријат раце за парите од унгарскиот кредит. Градоначалниците почнаа да аплицираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општините тријат раце за парите од унгарскиот кредит. Градоначалниците почнаа да аплицираат за финансии за изградба на капитални инфраструктурни проекти. Досега над 10 општини поднесоа барања на јавниот повик што се распиша минатата недела, по што следи евалуација и избор на проекти.  Локалните власти можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, екологијата, патната инфраструктура, образованието.

„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното“, објасни претседателот на Владата на Мицкоски.

Парите од унгарскиот кредит од 500 милиони евра, од кои половината ќе бидат наменети за општините, а другата половина за бизнисот, моментално е во собраниска процедура, кадешто пратениците ќе го гласаат по скратена постапка. Премиерот Мицкоски вели дека сите детали се содржани во Законот, заемот ќе се повлече во целост и наеднаш, а трошоците з аправни услуги ќе изнесуваат само 70 илјади евра што е 0,1% од вкупниот заем и 10 пати помалку од она што како држава сме го плаќале претходно.

Реклама

„Трошоците ќе изнесуваат 70 илјади евра и тоа е нормална процедура. Тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале досега како држава за претходни заеми“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во законот кој треба да се изгласа во Собранието, стои дека Унгарската експорт – импорт банка ќе ни позајми 500 милиони евра , со три години грејс период и 12 години рок на отплата, со камата од 3,25%. Првата исплата на каматата ќе биде годинава, по што таа ќе се плаќа два пати годишно , во февруари и во август. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати. За евентуални неповлечени средства , земјава ќе треба да плати провизија од 0,5% од заемот на годишно ниво. Премиерот Мицкоски исто така објасни дека Македонија треба да враќа и претходно направени долгови. Планот е Владата прво да се обиде да се задолжи преку меѓународните финансиски институции со камата до 3,2%, а ако тоа не успее, тогаш ќе се повлече и втората половина од заемот од Унгарија, односно, дополнителни 500 милиони евра.